[ВИДЕО] „Во своите 60-ти години имам повеќе додворувачи од кога и да е“: Шерон Стоун е полна со самодоверба, а нејзините зборови одекнаа на социјалните мрежи

Кармин

01/12/2023

14:17

4.504

Големина на фонт

а а а

Шерон Стоун има 65 години и сѐ уште е една од најпосакуваните жени на планетата. Неодамна таа гостувала на поткаст, а нејзината изјава одѕвонува на социјалните мрежи.

Ова е став на една сигурна жена, полна со самодоверба која знае која е и што е.

Имено, Шерон била гостинка во поткастот на Келти Најт, а во таа прилика одговорила на прашањето на една од обожавателките за самодовербата на една жена која ги поминала 50-тите.

„Јас сум во своите 60-ти, луѓето мислат дека во овие години никој повеќе не ве гледа, а вистина е дека и сега имам многу додворувачи кои би сакале да спијат со мене, можеби повеќе од кога и да е. Но, тие треба да знаат дека не е во ред тоа кога ќе влезеш во соба и секој маж почнува да свири затоа што треба да знаат дека ти не си лесна жена, каква што можеби си била кога си била млада“.

Мажите тоа го препознаваат, затоа многу од жените повеќе не гледаат, не затоа што не се згодни туку затоа што не се лесни.

Значи, не е точно дека не се згодни тие можеби се и позгодни затоа што се поопуштени и помалку се загрижени околу тоа како изгледаат затоа што знаат дека изгледаат прекрасно.

Ова видео од Шерон привлекло големо внимание, а многумина ја пофалиле во коментари:

„Како шанкер можам да ги потврдам нејзините зборови, сите сѐ уште се во игра“, „Наполнив 50 години и имам повеќе самодоверба отколку кога имав 20“, „Самодовербата доаѓа со годините и тоа едноставно е така“...



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk