Со вчерашното доделување на наградите „Gotham“ во Њујорк започна новата сезона на свечености, а на својствен начин ја отвори една од омилените Французинки – Жулиет Бинош.
Омилената актерка конечно се врати во светот на филмот, а ние ќе имаме можност да ја гледаме во улогата на познатата Коко Шанел. A овојпат таа ги воодушеви сите со својот моден избор.
Повеќето од гостите на овој настан се појавиле во црни изданија, но не и Бинош.
Имено, таа пленела со елеганција на црвениот тепих, појавувајќи се во темносин фустан со сатенски сјај, чиј структуриран крој бил нагласен со детаљ во вид на висока јака и спуштени ракави.
Како ефектното зелено издание кое таа го „сервираше“ на црвениот тепих на Меѓународниот филмски фестивал во Рим, така и ова пристигнува со потпис на италијанската „Prada“.
Косата на Жулиет била навиткана во опуштени локни со патец на страна, шминката ѝ била минимална, а од накит носела само обетки.
За нејзиниот беспрекорен изглед на црвениот тепих се погрижил стилистот Џонатан Хужет, кој е познат како личност одговорна за бројните незаборавни изданија на нејзината колешка Изабел Ипер, која плени и на 70 години.
Како ви се допаѓа ова модно издание на прекрасната Бинош?