"Google" ги брише сите стари кориснички сметки во петок

Точка

27/11/2023

22:16

6.055

Големина на фонт

а а а

Од 1 декември, "Google" ќе ги избрише сите стари и неактивни "Google" сметки, односно оние што не биле користени најмалку две години. Така, е-поштата, односно "Gmail" и другите содржини, како што се фотографиите, записите во календарот, контактите и документите од дискот, ќе бидат избришани, во согласност со новата политика на компанијата. Чистењето на целиот систем има за цел да ги заштити корисниците од безбедносни закани, како што се спам, фишинг измами и кражба на сметки, објаснува Гугл.

"Google" ги брише неактивните сметки од својот систем бидејќи, како што велат, „поголема е веројатноста да бидат компромитирани“. Ненадгледуваните сметки често се потпираат на стари или повторно употребени лозинки, имаат помалку безбедносни проверки од корисниците и имаат 10 пати поголема веројатност да немаат поставено двофакторна автентикација, покажуваат внатрешните податоци на "Google".

Кога сметката е компромитирана, „може да се користи за се, од кражба на идентитет до спам или дури и злонамерна содржина“, се вели во соопштението на компанијата за промената на политиката.


"Google" ќе започне со укинување на неактивни сметки на 1 декември 2023 година, според известувањето што тие самите го објавија на страницата. Ќе започне со елиминирање на сметките што луѓето ги создале, а потоа никогаш повеќе не ги посетиле.

Според новата политика на "Google", „ако сметката на "Google" не била користена или најавена најмалку 2 години, сметката и нејзината содржина, вклучително и содржината во "Google Workspace" (Gmail, Docs, Drive, Meet, Calendar) и Google Photos“ можат да бидат избришани.


Сепак, новите правила важат само за личните сметки на "Google", што значи дека училишните или работните сметки не се засегнати. Дополнително, "Google" нема да ги отстрани сметките што прикачувале видеа на Јутјуб или имаат активни претплати на апликации или услуги за вести, според новата политика на компанијата.

Пред бришењето, корисниците ќе добијат „повеќе известувања“ дека нивните сметки ќе бидат укинати пред тоа навистина да се случи, се вели во соопштението на компанијата.


Секој со стара сметка што сака да спречи нејзино бришење може да се најави и да користи една од алатките на компанијата, како што се "Gmail", "Google Drive", "Google Photos" и "Google Play".

Дејствата што ќе му сигнализираат на "Google" дека е активен вклучуваат читање или испраќање е-пошта, користење на "Google" драјв, гледање видеа на Јутјуб, преземање апликација од продавницата нa "Google play", користење на "Google Search", користење најава на "Google" за пристап до апликација од трета страна или услуга.




Спонзорирани линкови

Маркетинг