[ФОТО/ВИДЕО] Секојпат кога Новак нè воодушеви во улогата на татко – неговите моменти со Тара и Стефан се посилни од љубов

Кармин

20/11/2023

16:26

3.422

Големина на фонт

а а а

Големи се и историски трофеите кои ги освојува Новак Ѓоковиќ, но секој негов трофеј станува уште позначаен кога ќе ја прослави победата со децата, ќерката Тара и синот Стефан како и со сопругата Јелена.

Тие и вчера славеа со него по повод освојувањето на Завршниот мастерс во Торино, а со тоа се продолжи низата посебни моменти во кои Новак покажал дека е татко за медал.

Србинот вчера го победи Јаник Синер, а победата не би била победа доколку славниот татко не ја прославеше со своите малечки. Нивните заеднички фотографии и снимки на кои се забележани тие моменти се коментираат како и самата титула.

Тара и Стефан од мали сведочат за историските достигнувања на својот татко и со тоа создаваат прекрасни спомени. Тоа сигурно им помага и подобро да ја разберат неговата професија и колку тој е вонсериски во она со кое се занимава.

Кога пред неколку месеци Ѓоковиќ триумфираше на УС Опен, тој истрча да ја прегрне ќерката Тара, а подоцна рече дека му е негова поддршка и му давала сила во текот на мечот. Шампионот не можеше да ги скрие солзите, а тие се сосема во ред и се уште еден показател дека вистинските асови се големи емотивци.


Тој ден Ноле славеше и со синот, со сопругата Јелена и родителите, како и со славниот актер Метју Меконахи и неговата сопруга Камила Алвес, кои беа во неговата навивачка ложа.


Повеќе од емотивно беше и во јуни годинава во Париз, откако Новак го освои Ролан Гарос.


Децата го бодреа Новак и на минатогодишниот турнир во Торино, а фотографиите кои тогаш настанаа, како и сите други во овој текст, се повеќе од љубов.


Тука е и фотографијата од Париз од 2021 година, што е уште еден доказ за брилијантниот татко генијалец Новак.


Еден од првите турнири на кои Стефан го гледаше својот татко беше Вимблдон во 2018 година.


Подоцна му се придружи и Тара и сè што следеше е продолжение на прекрасната семејна традиција, и е дел од тениската историја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk