„Вистинско чудо е како сме преживеале“: Милениумци споделуваат нешта кои нивните родители ги правеле, а кои денес се незамисливи

Кармин

27/09/2023

14:30

6.333

Големина на фонт

а а а

ТикТок е преплавен со видеозаписи од 80-те и 90-те години, но наместо топли зборови, луѓето не кријат дека се шокирани колку нивните родители биле погрешно информирани пред дигиталното доба.

Тиктокерката Рејчел споделила видео во кое покажала со што ја хранела нејзината мајка само неколку часа по породувањето во 1986 година.

„Не, тоа не е обична вода – тоа е вода со шеќер“, открила Рејчел на прашањето на следбениците дали е можно нејзината мајка да ѝ давала вода.

Според „WebMD“, децата кои се помали од една година немаат потреба од вода, а некои сметаат и дека таа може да биде опасна за нив. Денешните насоки наведуваат дека бебињата треба да пијат само мајчино или адаптирано млеко најмалку 6 месеци. Исто така, шеќерот треба да се избегнува во текот на првите 2 години од животот бидејќи неговото консумирање се поврзува со зголемен ризик од прекумерна тежина.

Како изгледале детските креветчиња?

Рејчел споделила уште едно видео во кое покажала како изгледала нејзината детска соба, односно детското креветче. Додека таа како бебе лежи на грб, на видеото се гледа дека е опкружена со перничиња и кадифени играчки, на што Американската педијатриска академија денес често ги предупредува родителите.

„Чувајте ги ќебињата, перниците, кадифените играчки, оградите од ткаенина и другите меки предмети надвор од просторот за спиење“, велат од академијата и додаваат дека тоа е неопходно за да се намали ризикот од синдром на ненадејна смрт на доенчиња, кој е водечка причина за смрт кај доенчињата.

Оризови снегулки на возраст од еден месец

Оризовите снегулки станаа тема на разговор, а истата ја започнал корисник по име Вон. На видеото кое тој го споделил од 1990 година, се гледа како неговата мајка го храни со оризови снегулки. Вон тогаш бил стар само еден месец, а јадел во легната положба.

На видеото се слуша како мајката на Вон цитира списание за родители кое ги советува старателите да не ги хранат бебињата со шише, туку со лажица.

„Цврстата храна се јаде со лажица“, цитира таа.

Во последните 20 години, педијатрите препорачуваат доенчињата да не се хранат со цврста храна пред да навршат 6 месеци.

„Вистинско чудо е како сме преживеале“, коментирал еден следбеник на ТикТок.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk