(Фото) Чувство на свежина и море: 10 докази дека тиркизната боја во бањата е чиста среќа

Кармин

01/09/2023

15:00

5.707

Големина на фонт

а а а

Тиркизната боја секогаш изгледа привлечно, софистицирано и убаво, но во текот на летните месеци уште повеќе нѐ привлекува со својата свежина и асоцијација на море и безгрижни, летни денови.

Тиркизната е мешавина од сина и зелена боја, има и смирувачко делување, па дури може да го намали и чувството на стрес.

Тиркизната боја внесува спокој, но исто така и нѐ прави среќни, а се смета и дека ја буди креативноста. Многу привлечно изгледа и накитот изработен од тиркизни камења и многу од жените таа прекрасна боја сакаат да ја носат токму во вид на накит, а секако дека е добра идеја и да ја внесете во животниот простор.

Деталите за уредување на домот во тиркизна боја ќе му дадат на просторот свежина и морско чувство, а особено нѐ восхитуваат бањите во кои има тиркизна боја. Прекрасно можат да изгледаат и плочките или деталите во бањите, но освежување ќе постигнете и само со деталите, како што се пешкирите, рачките итн.

Без оглед на тоа дали во бањата сте внеле многу или малку тиркизна боја, таа секогаш ќе внесе свежина и чистота во просторот, а фотографиите се доказ за тоа.

Погледнете ги фотографиите:



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk