(Видео) Прелиена пита со кајсии, од готови кори: Мека и сочна, готова за многу кратко време

Кармин

17/07/2023

16:00

3.878

Големина на фонт

а а а

Денеска ви претставуваме рецепт за вкусен десерт - прелиена пита со кајсии на која е тешко да одолеете.

Потребни состојки:

- 3 јајца
- 3 лажици павлака
- 200 гр. шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 1 пакување готови кори
- масло за подмачкување
- 6 лажици мелен кекс
- кајсии

За сируп:

- 2 шолји вода
- 1 шолја шеќер

Начин на подготовка:

Одвојте ги жолчките од белките, па изматете ги белките во еден сад. Потоа додајте ги жолчките, павлаката, шеќерот и ванилиниот шеќер, па сè добро изматете. Додајте го и прашокот за печиво, па изматете.

Подмачкајте ја тавата во која ќе ја печете питата, а потоа поделете го пакувањето кори на половина, па наредете ја првата половина во тавата така што ќе ги премачкувате корите со филот.

Редете ги корите и премачкувајте ги сè додека не се потроши првиот дел, а врз последната ставете го филот и ставете го мелениот кекс. Врз него наредете ги исечените кајсии, ставете кора одозгора и премачкајте со филот, а потоа повторувајте ја постапката додека не ги потрошите другите кори.

Исечете ја питата на коцки и прелијте ја со остатокот од филот. Печете на 180 степени, околу 40 минути.

За сирупот, ставете ја водата и шеќерот во еден сад и варете на тивок оган додека не зоврие. Кога ќе се згусне, прелијте ја питата со сирупот и вратете ја во рерна да се допече уште 7 минути.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk