Пристигнуваат обвиненија: И „ChatGPT“ сака лажни вести

Точка

09/06/2023

15:41

15.280

Големина на фонт

а а а

„AI“ „халуцинациите“ веќе прават проблеми, па и четботовите почнале да шират лажни вести. На читателите им презентираат лажни информации, па на компанијата „OpenAI“ и се заканува тужба, бидејќи „ChatGPT“ сака да лаже.

Се поставува прашањето дали компанијата „OpenAI“ воопшто е одговорна за тоа што „ChatGPT“ го пишува. Многумина веруваат дека да, посебно оние кои се оштетени поради дезинформациите на „ChatGPT“.

Тужба поднел американскиот радиоводител Марк Волтерс, а станува збор за прв случај од овој вид. Проблемот настанал кога еден новинар за истражување го искористил четботот на „OpenAI“ кој му понудил информации кои не се точни.

Ботот го обвинил Волтерс за проневера на пари во една организација, а овој тврди дека тоа не е точно – се утврдило дека никогаш не работел за споменатата организација. На крајот, ништо не е совршено.



Спонзорирани линкови

Маркетинг