(Фото) Ги освоија срцата на жените ширум светот: Овие 4 мажи важат за најсексапилни Италијанци

Кармин

01/06/2023

19:21

7.370

Големина на фонт

а а а

Тие се спој на медитерански темперамент и елеганција, а поради физичкиот изглед важат за најсексапилни Италијанци.

Еве за кои мажи станува збор.

Микеле Мороне

Вниманието на женската публика го привлече со улогата на Масимо Торичели во еротската драма „365 Days“. Освен што глуми, Мороне е сестран уметник кој се занимава со моделинг, моден дизајн и музика. Роден е на југот на Италија и е еден од најпосакуваните мажи во Европа.

Симоне Сузина

Уште еден маж кој ги освои женските срца со улогата во вториот дел од еротската драма „365 Days“. Токму улогата во споменатиот филм го вивна во ѕвездите и му ја донесе титулата на еден од најпосакуваните Италијанци. Роден во Рим, филмската, но и модната индустрија му предвидуваат успеси на овој 29-годишен убавец.

Дамијано Давид

Фронтменот на групата „Maneskin“ која во 2021 година ја однесе победата на Евровизија, стекна светска слава. Дамијано по сите карактеристики е бунтовник и уметник кој го негува алтернативниот стил – како во музиката, така и во начинот на облекување. Тој веќе 5 години е во врска со италијанската манекенка и инфлуенсерка Џорџа Солери.

Маријано ди Вајо

Тој е италијански блогер, моден дизајнер и актер, а еден период беше и бренд амбасадор за модните куќи „Hugo Boss“, „Dolce & Gabbana“ и „Calvin Klein“. Овој 34-годишен Италијанец е веќе 5 години во брак со Елеонора Бруначи со која има 4 деца.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk