(Фото) Научниците го „оживеаја“ фараонот: Погледнете како изгледал Тутанкамон

Точка

31/05/2023

13:45

24.001

Големина на фонт

а а а

Меѓународен тим од експерти го „оживеа“ египетскиот фараон Тутанкамон.

Како што пишува Дејли Мејл, научници од Бразил, Австралија и Италија со помош на дигитален модел го реконструирале лицето на Тутанкамон од неговиот мумифициран череп.

Реконструкцијата го открила младешкото и живо лице на фараонот кој умрел во тинејџерските години пред повеќе од 3.000 години.

Бразилскиот графички експерт Цицеро Мораес, кој е коавтор на истражувањето, вели дека Тутанкамон изгледал како млад човек со нежно лице.

„Гледајќи го него, повеќе гледаме млад студент отколку политичар со многу одговорности, што ја прави неговата историска личност уште поинтересна.

Познатиот „крал дете“ бил откриен заедно со други вредни предмети пронајдени од британскиот археолог Хауард Картер во 1922 година во египетската Долина на кралевите.

„Тоа беше детективска работа, каде што составивме траги од информации за да дојдеме до 3D модел на черепот“, вели Мораес.


Потоа експертите ја одредиле големината на усните, положбата на очите, висината на ушите и предниот дел на носот.

„Сите проекции се засноваат на статистички истражувања спроведени со помош на "CT" скенови на живи индивидуи од неколку различни предци“, објаснува тој.

Ова не е прв пат научниците да се обидат да го реконструираат лицето на младиот фараон, како што тоа веќе беше направено во 2005 година.


Мајкл Хабихт, египтолог и археолог од Универзитетот Флиндерс во Австралија, кој е коавтор на истражувањето, вели дека има многу сличности меѓу двете реконструкции.

„Нашата реконструкција е многу слична на онаа што ја изврши францускиот тим пред неколку години. Тоа се вклопува и со историските описи на Тутанкамон“, истакна Хабихт.




Спонзорирани линкови

Маркетинг