Шварценегер проговори за употребата на стероиди: „Не ги употребувајте, луѓето умираат од предозирање!“

Точка

29/05/2023

11:25

5.062

Големина на фонт

а а а

Откако самиот користел стероиди, актерот ги предупредува бодибилдерите околу нивната злоупотреба.

Во новото издание на списанието „Men's Health“, познатиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер зборувал за земањето стероиди во минатото.

„Земав 100 милиграми тестостерон неделно и 3 дианаболи дневно, значи 15 милиграми дневно“, изјавил тој.

Сепак, тој истакнал дека тие количини не се ништо во споредба со злоупотребата на стероиди која на која сведочи денес.


„Стероидите беа легални сè до 1990 година кога Конгресот го усвои Законот за контрола на анаболни стероиди. Сите лекови за подобрување на перформансите ги земав само под лекарски надзор. Бодибилдингот отсекогаш се сметал за безбеден спорт, но сега не е. Луѓето умираат од предозирање, бидејќи слушаат лаици и измамници“, предупредил тој и упатил апел до бодибилдерите да останат здрави и целосно да избегнуваат употреба на стероиди. „Не правете го тоа. Секогаш кога ќе го злоупотребите телото, ќе зажалите. Но свесен сум дека многу луѓе ќе прашаат кој сум јас да им го кажам тоа“, додал Шварценегер.


Актерот денес посетувал теретана многу поретко од порано. Како што изјавил, тренира за да остане жив и во форма за снимање.





Спонзорирани линкови

Маркетинг