Без непотребни диети: 4 мали навики кои ќе ви помогнат да согорувате масти додека спиете

Кармин

26/05/2023

21:41

6.193

Големина на фонт

а а а

Спиењето е многу важен фактор кога станува збор за слабеењето. Неговиот недостаток може да биде пречка при губењето на тежината. Покрај тоа, постојат одредени навики кои ќе ви помогнат да ги изгубите масните наслаги додека спиете.

Нутриционистот Триста Бест споделила 4 мали, но ефективни навики кои ќе ви помогнат да согорувате масти додека спиете. Доброто е што не бараат многу труд, па речиси секој може да ги примени.

Повремен пост

Повремениот пост бара да го јадете последниот оброк неколку часа пред да одите во кревет. Оваа навика може да ви помогне да согорувате масти наместо глукоза во текот на ноќта. Освен тоа, повремениот пост може да помогне во регулирањето на хормоните кои влијаат на слабеењето, како што се инсулинот и човечкиот хормон за раст.


Одржувајте ја собната температура ладна

Спиењето во ладна соба може да го зајакне вашиот метаболизам и да го активира согорувањето на калориите и да создаде топлина. Кога просторијата е ладна, телото работи понапорно за да ја одржи внатрешната температура. Покрај тоа, спиењето во ладна соба може да го подобри квалитетот на сонот.


Тренирајте навечер

Тренингот може да го забрза вашиот метаболизам, така што вашето тело ќе согорува калории дури и додека спиете. Кревањето тегови помага и во производството на хормон за раст, кој помага и во производството на хормонот за раст, а тој пак во растот на мускулите. Освен тоа, тренинзите пред спиење ја намалуваат количината на стрес, што доведува до поквалитетен сон.


Ладен туш

Според Клиниката во Кливленд, докажано е дека ладниот туш ја стимулира кафеавата маст, слично на спиењето во ладна соба. Плус, шокот од студената вода може да го забрза вашиот метаболизам и да ви помогне да согорите повеќе калории во текот на денот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk