Високиот шлиц не мора да биде вулгарен: Фустанот на познатата манекенка го покори Кан

Кармин

23/05/2023

14:48

9.629

Големина на фонт

а а а

Роузи Хантингтон-Вајтли заблеска на црвениот тепих на 76-от Кански филмски фестивал, пред почетокот на премиерата на трилерот „Club Zero“.

Таа на црвениот тепих се појавила во магична црна креација која ги нагласила нејзините женствени адути и привлекла многу љубопитни погледи.

„Виновникот“ за тоа е италијанскиот дизајнер Пјерпаоло Пичоли, кој ја осмислил креацијата за пролетната „couture“ колекција на модната куќа „Valentino“, чиј креативен директор е од 2008 година.


Благодарение на неговото кројачко мајсторство и големата бела панделка која е паметно позиционирана во пределот на колкот и струкот - овој храбар модел на фустан со висок шлиц на предниот дел и отворен грб сепак не откривал премногу.

Британската манекенка немала проблеми со фустанот ниту кога се симнувала по скалите пред култната дворана „Palais des festivals“. Напротив, 36-годишната Роузи зрачела со префинета сензуалност.


Ваквото издание, многу модни критичари го споредија со она на Бела Хадид во Кан во 2016 година, кога се појави во црвена креација на „Alexandre Vauthier“ и која ѝ донесе планетарна слава.

Хантингтон-Вајтли ја заокружила својата француска модна бајка со класичен пар црни салонки и неколку впечатливи парчиња накит - вклучувајќи и висечки дијамантски обетки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk