(Видео) „Под итно на диета“: Ова е менито со кое Марија Шерифовиќ ослабела за 30 дена

Кармин

31/03/2023

14:40

20.396

Големина на фонт

а а а

Со помош на ова мени Марија Шерифовиќ ослабната 7 килограми за само еден месец.

Животниот стил кој го води ѝ го отежнувал целиот процес на слабеење, но конечно сфатила дека е крајно време да ги промени своите навики и да го стави своето тело на прво место.

Многумина ја прашувале како се храни сега, па Шерифовиќ одлучила да го открие тоа во својот нов блог.

„За појадок, на пример, јадам палента, која е многу поубава кога се готви со путер, но сега ја јадам со вода и со неа консумирам младо сирење кое има малку маснотии и е убаво. Сакам и овесна каша со јаболко, киви, бадеми, може и сливи, супер е. Некогаш јадам и здрав леб, многу е вкусен, со мисиркини гради, зеленчук или домашна пилешка паштета и намаз со сирење“, вели таа.

Кога станува збор за вториот оброк, поточно ручекот, имала најмногу потешкотии, бидејќи Марија е некој што не сака готвени јадења.

„Ако сакате готвена храна, спасени сте, не сакам грашок, боранија или пиперки кои тешко се варат, а потоа еднаш неделно сум осудена на стек, риба или пилешко со сусам. Јас не јадам лосос, свинска кременадла, па мора да се внимава и на тоа. Пилешкото е секогаш добар избор за ручек“, додава таа.

Нејзината ужина главно се состои од овошје, јогурт или кисело млеко со чиа семе, додека за вечера јаде лесно сварливи намирници.

„Туна салата, разни салати, јогурт и сл. Но, немојте да ве залажува окото, важна е и количината на храна што ја јадете. Исто така, важно е пред да почнете да јадете поинаку, да направите крвна слика“, вели Марија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk