„Трезна сум пет недели, но веќе сакам да се откажам“: Детали од турбулентната врска на Орландо Блум и Кејти Пери

Кармин

31/03/2023

21:47

17.647

Големина на фонт

а а а

Пејачката Кејти Пери и нејзиниот вереник, Орландо Блум, се договориле да не пијат алкохол три месеци.

„Денеска правам пет недели како сум трезна и веќе сакам да се откажам“, се пошегува поп ѕвездата.


Пејачката и актерот се во врска од 2016 година, иако во 2017 имаа кратка пауза. Подоцна, познатата пејачка откри дека тоа било еден од најтешките периоди во нејзиниот живот и станала суицидна. Меѓутоа, тие се смирија истата година.

Блум ја запроси Пери на Денот на вљубените во 2019 година, а во март, 2020 година, објави дека е бремена и го очекува своето прво, а тој второ дете.


Иако на многумина им изгледа како нивната врска да е совршена, Блум неодамна зборуваше за разните предизвици со кои се соочуваат.

„Поинакви сме, некогаш не можам целосно да ја сфатам, како што не може ни таа мене. Некогаш работите се навистина предизвикувачки“, објасни актерот.

Снаоѓањето во нивниот преполн распоред, додека се долго оддалечени еден од друг, сепак, вели дека им е најтежок дел.

„Нема да лажам. Дефинитивно се бориме со нашите емоции и креативност, но мислам дека двајцата сме свесни колку сме благословени што сме поврзани на начинот на кој сме поврзани. Буквално никогаш не ни е здодевно“, раскажа актерот во едно интервју.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk