Посна среда: Рецепт за скуша од рерна која ќе биде посебно вкусна поради една „тајна“ состојка

Кармин

29/03/2023

16:05

5.156

Големина на фонт

а а а

Сепак, кога станува збор за скушата, покрај рузмаринот една состојка ќе ја направи посебно вкусна.

Во текот на постот не е секогаш лесно да имате инспирација за ручек, но рибата на повеќе начини вообичаено ја сакаат сите во семејството.

Скушата е многу хранлива, но нејзиниот специфичен вкус понекогаш не им годи на сите. Затоа рузмаринот е вистинско решение за овој рибен специјалитет.

Сепак, кога станува збор за скушата, покрај рузмаринот, една состојка ќе ја направи посебно вкусна. Тоа е белото вино.

Состојки:

- 4 скуши;
- Неколку гранчиња рузмарин;
- 1 конзерва пченка;
- Суви билни зачини;
- 1 децилитар бело вино;
- 1 лимон;
- Сол;
- Масло.


Подготовка:

Исчистете ја рибата, расечете ја од страните и извадете ги работите од внатрешноста.

Зачинете ја, а во расечените делови ставете пченка, парчиња лимон и гранче рузмарин.

Во плех во кој претходно сте ставиле масло за јадење, ставете ги рибите, па печете во рерна загреана на 250 степени Целзиусови.

Кога рибата ќе добие златна боја и ќе стане крцкава, прелијте ја со бело вино.

Вратете ја рибата во рерна (10-на минути), извадете ја па послужете.

Со рибата сервирајте салата по желба.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk