Без јајца и млеко, вкусни и неодоливи: Посни банана мафини кои ќе ги обожува целото семејство

Кармин

28/03/2023

17:00

6.359

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате да пробате нов рецепт и да подготвите здрав и вкусен оброк, тогаш време е да ги пробате овие мафини од банана без јајца и млеко.

Станува збор за слатко кое многу лесно се подготвува, за само 25 минути.

Состојки:

- 3 зрели банани;
- 100 гр. шеќер;
- 250 гр. брашно;
- 60 мл. масло;
- 1 лажичка сода бикарбона;
- 1 лажичка сол;
- 150 гр. сечкани ореви - по желба.


Подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.

Во сад изгмечете ги бананите со вилушка, а потоа додадете ги маслото и шеќерот и измешајте.


Потоа во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта, па во првиот додајте ја содржината од вториот сад.

Мешајте додека не добиете компактна смеса. Доколку сакате, додадете мелени или ситно мелени ореви.


Извадете ја смесата за мафини со лажица и ставете ја во калапи кои малку сте ги подмачкале со масло.

Секој калап наполнете го 2/3, бидејќи ќе нараснат поради сода бикарбоната за време на печењето. Печете околу 25 минути.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk