Лорен Санчез ѝ стана позната на пошироката јавност како девојка на милијардерот и трет најбогат човек на светот, Џеф Безос.
Оваа атрактивна дама често добива критики од јавноста на сметка на својот изглед - многумина тврдат дека со толку пари би можела да има многу подобар стил и дека е повеќе од очигледно дека е „редовен гостин“ кај естетските хирурзи.
Неодамна, тројца познати пластични хирурзи потврдија за американските медиуми дека 53-годишната Санчез речиси сигурно го затегнала лицето и го оперирала носот.
„Жените најчесто го затегнуваат лицето за да ги задржат младешките контури и да спречат опуштање на ткивата, а верувам дека Лорен го направила токму тоа“, изјавил д-р Константин Васјукевич, експерт за фејслифтинг.
Д-р Ешан Али исто така верува дека Лорен направила мини лифтинг на лицето бидејќи „нејзината кожа изгледа повлечено и затегнато“. Тој смета дека Лорен се подложила и на ринопластика бидејќи „врвот на нејзиниот нос е потенок од претходно“.
Експертите веруваат дека девојката на Безос имала и низа козметички, полутрајни процедури како филери во усните, но истакнуваат дека тие би можеле да изгледаат поубаво.
„Би требало да ги раствори и повторно да ги пополни, видно е дека е променета природната форма на усните и има грутки. Таа изгледа навистина впечатливо, но исто така некако „преполно“ во однос на претходните години“, истакнува Памела Вајнбергер, основачка на компанија за продажба на хијалуронски филери.
Д-р Рамтин Касир, пластичен хирург на славните, истакнува дека целта на естетската хирургија е да го освежи, а не промени изгледот.
„Работата која хирурзите ја извршиле на Лорен не е лоша, но не е ни одлична бидејќи поентата е да направите луѓето да изгледаат посвежо и помладо“, заклучил докторот.