Голем астероид се приближува до Земјата: Тој е три пати поголем од оној во Чељабинск

Точка

23/03/2023

17:05

21.574

Големина на фонт

а а а

Астероид три пати поголем од оној што падна во Чељабинск се приближува кон Земјата со брзина од 28.000 километри на час, а во сабота ќе ни биде поблиску од Месечината кога ќе помине покрај нашата планета.

Во сабота, астероидот ќе прелета покрај Земјата на половина од оддалеченоста на Месечината, околу 173.000 километри.

Моменталните проценки се дека големината на астероидот е околу 93 метри, а најблиску до нас ќе биде во 20:51 часот. Од северната хемисфера ќе биде видлив само една минута подоцна, додека најсветол, според пресметките на НАСА, би требало да биде за набљудувачите од Југоисточна Азија.


За среќа, астероид познат како 2023 DZ2 ќе помине покрај нашата планета со брзина од 28.044 km/h. Набљудувачите на небото со телескопи од 15 центиметри или поголеми имаат шанса да ја видат оваа вселенската карпа.

Проектот за виртуелен телескоп, исто така, ќе го емитува во живо прелетувањето на астероидот во 19:30 часот. Гледано преку телескоп од северната хемисфера, астероидот ќе се појави како ѕвезда која бавно се движи над југоисточниот хоризонт, источно од соѕвездијата Орион, Големо Куче и Мало Куче.


Според НАСА, астероид со оваа големина се појавува на толку блиско растојание од Земјата еднаш на секои десет години, но нема никаква опасност за планетата. Иако не се знае точно од каде потекнува, повеќето од астероидите кои минуваат во близина на Земјата се наоѓаат во главниот астероиден појас помеѓу Јупитер и Марс.

2023 DZ2 беше забележан од научниците на 27 февруари во Шпанија од опсерваторија на Канарските острови како дел од европскиот проект за проучување на астероиди блиску до Земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг