И во шестата деценија од животот изгледа како девојка – 3 правила за убавина до кои Џулија Робертс строго се придржува

Кармин

17/03/2023

09:42

6.792

Големина на фонт

а а а

Поминаа три децении откако Џулија Робертс (55) се прослави во улогата на „Pretty Woman“, а таа и натаму зрачи со убавина.

Повеќе пати беше прогласувана за најубава жена на светот и сите се прашуваат – како успева да остане младолика?

Џулија тврди дека нејзината нега е прилично едноставна. Со оглед на тоа дека е мајка на три деца, често ѝ се случувало да стигне наутро само да си го измие лицето и забите.

„Додека ги облечам нив три, веќе поминало времето“, признала актерката своевремено.

Меѓутоа, таа и покрај грижата за децата во пракса вовела едно задолжително правило.


„Можеби ќе ставам некоја друга крема на лицето или не, но заштита од сонцето мора да имам“, вели Џулија и додава:

„Се грижам децата секогаш да бидат намачкани со тоа, па и сама стигнувам да ставам од заштитниот фактор на своето лице и на себе“.

Џулија е често под светлото на рефлекторите, па ги користи моментите кога не е нашминкана за да ја зголеми својата нега.

„Тоа вообичаено е време кога сум во авион, особено затоа што воздухот во кабината ми ја суши кожата. Затоа тогаш ставам крема на моето лице“, признала актерката.

„Се грижам рацете редовно да ми се намачкани со крема“, се потсетува таа на своите минимални правила за нега.

Свесна е дека на кожата на рацете брзо се создаваат пеги од сонцето и годините, а вели и дека постојано мие садови и дека поради тоа рацете ѝ се сушат. Омилена состојка за неа е маслиновото масло.

„На дланките ставам малку топла вода и капки маслиново масло и добро се тријам“, објаснила Џулија, па додала:

„Тоа е добро за кожата на вратот и деколтето“.


За својата популарна насмевка Џулија пред сè е благодарна на генетиката. Таа вели дека нејзиниот дедо немал ниту еден кариес, а од него научила како да ја одржува белината на забите.

„Ја мачкам четката со сода бикарбона и добро се тријам“, вели Џулија.

Стоматолозите не се секогаш толку благонаклонети кон овој рецепт, па можеби е подобро да изберете паста за заби со сода бикарбона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk