„Секогаш ќе биде мало и дебело момче кое татко му не го сакало“: Актерот го доби синот од афера со куќна помошничка, а тој е негова копија

Кармин

08/03/2023

23:36

16.410

Големина на фонт

а а а

Актерот и политичар Арнолд Шварценегер низ годините стана симбол на акциските филмови, но ниту во еден момент не престануваат да го следат натписите за сексуалните скандали.

Имено, со својата поранешна сопруга Марија Шривер, тој се венчал во 1986 година, а во текот на бракот добиле четири деца. Иако долго време биле симбол за складен и совршен холивудски брак, цела идила се срушила откако во 2011 година јавноста дознала дека планираат да се разведат.


Марија по 25 години брак побарала развод од актерот откако дознала дека ја изневерувал со куќната помошничка Милдред Патриција Баен. Со неа Арнолд добил вонбрачен син, а се докажало дека Арнолд ја изневерувал Марија додека била бремена. Денеска актерот има двајца синови на исти години, само со две различни жени.


Шварценегер подоцна тврдел дека 7 или 8 години не знаел дека има дете со пети додека не сфатил дека момчето неодоливо потсетува на него. Штом го дознал тоа, ја презел финансиската грижа за момчето, а на љубовницата и синот им купил четирисобна куќа со базен во Калифорнија.


Арнолд денес има пет деца, а интересно е тоа што вонбрачниот син Џозеф најмногу личи на него. Тој исто така се занимава со бодибилдинг и е фитнес модел, но и реалити ѕвезда, а неговата сличност со актерот никој не може да ја негира. Денеска Арнолд не се одвојува од својот син, а заедно најчесто можат да се видат како тренираат и вежбаат иако немале отсекогаш прекрасни односи.

Имено, долго време актерот не сакал законски да го признае синот, па Џозеф не уживал во богатството како останатиот дел од децата. Сепак, работите се смениле од тогаш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk