Овие бои се најпопуларни во уредување на домот, но не бирајте ги кога купувате постелнина: Лошо влијаат на квалитетот на сонот

Кармин

03/02/2023

17:40

5.526

Големина на фонт

а а а

Сите сакаме удобни кревети со чиста, мирислива и убава постелнина. Меѓутоа, кога ја бираме постелнината, важно е да обрнеме внимание и на нејзината боја бидејќи, верувале или не, таа може да биде пресудна за квалитетот на сонот.

Ако не можете лесно да заспиете, можеби проблемот е во вашата постелнина. Прво, неопходно е таа да е изработена од квалитетни материјали, но според психолозите, и нејзината боја има важна улога.

Експертите сметаат дека е важно со какви бои сме опкружени бидејќи тие потсвесно влијаат на нас. Освен бојата на ѕидовите во домот, на квалитетот на сонот може да влијае и бојата на постелнината.


Дороти Чемберс тврди дека резултатите од истражувањата кои сугерираат дека неутралните бои се најдобар избор за домот, не се однесуваат на бојата на постелнината.

„Кога зборуваме за постелнината, најдобри бои се жолтата, портокаловата, црвената и црната. Избегнувајте бели и светлосини нијанси“, вели Чемберс и објаснува дека боите можат да влијаат на нивото на мелатонин, хормон кој се лачи во текот на ноќта, а влијае на циклусот на спиење и будноста.

Сличен став има и невропсихологот Александер Бургмајстер.


„Иако е важна ткаенината и квалитетот на постелнината, и бојата е важна за добриот сон. Најдобро е да користите постелнина во темни бои“, тврди тој и додава дека сивата и темнозелената боја се одличен избор за подобрување на навиките за спиење.

Невропсихологот објаснува дека светлите бои можат да го нарушат сонот бидејќи предизвикуваат напрегање на очите додека телото се опушта.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk