Актерката Ребел Вилсон, која неодамна доби ќерка со помош на сурогат мајка, стана мета на критики поради бизарна причина. Некои ја критикуваат дека излегла само неколку дена откако стана мајка.
Ребел Вилсон и нејзината вереничка Рамона Агрум (се верија по седум месеци врска) биле гости на забавата на Парис Хилтон. Се забавувале до доцните утрински часови и тогаш настанал „проблемот“.
„Толку многу копнееше по дете и веќе се забавуваш! Сигурно не би го оставила моето новороденче за некоја забава - дали сум го родила или не, не е важно“, „Мислам дека можеби ќе зажалите за ова објави за неколку недели или месеци... Како и секоја мајка, таа може да прави што сака, но изгледа малку чудно што вака се забавува само една недела по раѓањето на бебето. Дури и да беше само еден час, сепак е чудно...“, „Аммм, извинете?!? Нели немаше бебе оваа недела? Ме збунуваш. Ова е најважното време да се поврзете со вашето бебе, а не да се забавувате", коментираат на Инстаграм, каде што воедно многумина велат дека нема ништо лошо да оди на забави по раѓањето на детето.
Ако не се занемари грижата за детето, што би било спорно околу тоа?