„Го натера нашиот син да го промени полот за да заработи повеќе пари“: Поранешната сопруга на НБА ѕвездата изнела сериозни обвиненија

Кармин

04/11/2022

11:03

14.929

Големина на фонт

а а а

Прославениот НБА кошаркар Двејн Вејд одговори на обвиненијата на својата поранешна сопруга Сивон Фончес Вејд, која тврди дека тој сака да профитира на сметка на нивната 15-годишна трансродова ќерка Заја.

Вејд истакнал дека не е изненаден од обидот на својата поранешна сопруга да се бори против идентитетот на Заја, но и дека го провлекува неговото име низ кал.

„Разочаран сум од тоа што постојано пронаоѓа начини да го стави фокусот на себе и своите потреби, без оглед на децата. Ѝ дадов шанса да комуницира со учителите, докторите и терапевтите на Заја во текот на годините, па и да ги запознае нејзините пријатели, за да ги разбере потребите на своето дете. Таа не сака да го направи тоа“, вели НБА кошаркарот, нарекувајќи ја Сивон „отсутен родител“.


„Тврди дека е добра христијанска мајка, но не присуствувала на ниту еден рецитал, матура, училиштен танц, тренинг, родителски состанок“, додал Вејд.

Кошаркарот истакнал дека тој и неговата сегашна сопруга Габриел Јунион никогаш нема да ја „присилат Заја ниту било кое од нивните деца да направат било што против нивна волја, а најмалку да им наметнуваат идентитет“.


„Очигледно некој останал без недвижнини“, заклучил тој и додал дека нивните адвокати се во комуникација.

За потсетување, парот беше во брак од 2002 до 2010 година, а неодамна Сивон јавно проговори за својот поранешен сопруг и неговите намери законски да се променат името и полот на Заја.


„Загрижена сум дека Вејд можеби врши притисок на нашето дете да го промени полот, за да ги искористи финансиските можности кои ги добива од компаниите“, пишува во судските документи до кои дошол „Page Six“, во рамки на тужбата на поранешната госпоѓа Вејд која ја поднела 2 години откако Заја се декларираше како трансродово лице.


Заја не се декларира само како женско, туку така и изгледа. Таа е страстен љубител на модата, а неретко е и гостин на модните недели ширум светот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk