Поради него исчезна преку ноќ – се откажа од актерската кариера во подем, а потоа одлучи дека не сака брак

Кармин

01/11/2022

10:33

15.437

Големина на фонт

а а а

Актерката Ева Мендез и актерот Рајан Гослинг веќе долга низа години се во сериозна врска, но постои добра причина зошто таа не сака да стапи во брак со својот долгогодишен партнер.

Иако ретко ги гледаме во јавноста, тоа не значи дека љубовта помеѓу нив двајца не постои, а Ева одлучила актерската кариера да ја замени со својата најголема животна улога - улогата на мајка. Кога заедно со Рајан доби две ќерки, некогашната ѕвезда во подем избра во целост да се повлече од јавниот живот.

Мендез не можете да ја видите на црвениот тепих, на доделувањето на престижни награди или било какви значајни настани бидејќи некогашната актерка ужива во семејниот живот надвор од видокругот на папараците.


„Она што луѓето не го знаат за мене е дека навистина уживам да сум дома. Наместо да се фотографирам на црвениот тепих, обожувам да го поминувам времето со своите девојки дома“, своевремено изјавила Ева.

Исто така, како што еднаш изјави во интервју за странските медиуми, родителството ѝ го променило животот.

„Родителството го промени мојот живот. Требаше тоа да се преживее. Токму излегувам од таа фаза на преживување, полека повторно почнувам да се чувствувам како личност кое има свое јас“, изјавила актерката пред 2 години во интервју за „Women's Health“.


Мендез во една прилика открила и што мисли за институцијата брак и дека брачната заедница, во формална смисла на зборот, нема големо значење во нејзиниот живот.

„Тоа е многу застарена, архаична креација“, рекла таа. „Браковите некогаш биле поврзани со имотот. Колку е тоа неромантично? Сопруг и сопруга, тоа се многу несекси зборови“.


Ева потоа истакнала дека сака постари парови кои не се во брак.

„Всушност мислам дека е многу секси кога сте со некој во 50-те и 60-те години и можете да кажете: 'Ова е моето момче'“, додала таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk