Една прилика ќе им го промени животот: 3 хороскопски знаци кои ќе доживеат трансформација следната недела

Кармин

13/10/2022

14:46

16.318

Големина на фонт

а а а

По динамичната полна Месечина во Овен, неделата од 17-ти до 23-ти октомври започнува со повторното влегување на Меркур во Вага која бара хармонија, а разговорите со другите ги прави пријателски и лесни.

До денеска, 13-ти октомври, шест планети – Сонце, Месечина, Меркур, Венера, Марс и Сатурн ќе се движат низ воздушните знаци, ставајќи го фокусот на посакуваните активности.

Три хороскопски знаци ќе имаат многу среќа во деновите кои следат. Оваа енергија е идеална за љубов, долги врски и односи, но и за деловни потфати во кои вреди да се инвестира.

Еве кои знаци ќе ја имаат најдобрата недела досега:


Близнаци

Близнаците се конечно подготвени на сите да им ја покажат својата работа, интелигенција, труд! Сонцето со Сатурн е тука да ви помогне да ги подигнете работите на следното ниво, особено кога станува збор за вашиот приватен бизнис. Ќе имате силна моќ да пренесете важна порака до масата луѓе. Денеска, 13-ти октомври, Месечината влегува во вашиот знак, а тоа значи дека ќе бидете успешни на што и да се посветите! Не е важно дали се работи за деловно или лично планирање, ова се вашите најсреќни денови, толку среќни што нема да можете ни сами да поверувате во тоа.

Вага

Драги Ваги, време е да го побарате она што го сакате и заслужувате. Во текот на следната недела ќе бидете многу популарни, барани, неодоливи. Најмногу време ќе поминувате во кругот на семејството, пријателите, но и со некој поради кој ќе ви „прескока“ срцето! Ќе почувствувате налет на креативност, што значи дека не смеете да го испуштите. Инвестирајте во креативноста, бидејќи може да ви донесе огромни пари за кои одамна сонувате! Многу Ваги можат да ја запознаат својата сродна душа до крајот на неделата. Време е да се отворите и да им се препуштите на емоциите кои ќе ви го променат животот.


Водолија

Водолиите деновиве ќе добијат понуда од странство. Без разлика дали размислувате за работа или љубов, препуштете се! Горкото каење што не се обидовте во нешто што звучи одлично може лесно да ве стигне. Вашето поле на љубов и страст ќе биде доста изразено. Тоа значи дека нема да можете да избегнете некои нови емотивни врски, колку и да се трудите и да се обидете да избегате. Не правете го тоа – земете ја среќата во свои раце и дозволете таа да ве води во текот на следната недела!


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk