На жените родени во овој хороскопски знак сексот им е особено важен, но и многу се одмаздољубиви

Кармин

06/10/2022

14:54

6.238

Големина на фонт

а а а

Месецот на раѓање и хороскопскиот знак влијаат на бројни карактеристики и кај мажите и кај жените, тврдат астролозите.

Според хороскопот, жените родени во знакот Шкорпија се најстрасни во споредба со останатите знаци од хороскопот.

Жената Шкорпија е многу љубоморна, одмаздољубива, страсна, сензитивна, авторитетна. Таа е склона кон авантури и кон мажи помлади од себе.

Оваа жена често е мистерија дури и за своите пријатели. Во комуникацијата може да биде груба, не е тактична и секогаш го искажува своето мислење, а се води според своите нагони и поради тоа не е пожелно да ја предизвикувате.


Таа е најдобриот шеф којшто се истакнува пред останатите жени на работа, а за тоа може да ѝ се заблагодари на својата интуиција. Жената Шкорпија знае да биде многу фатална, а таа фасцинира со својата убавина и сексапил, но е многу љубоморна – ужива во заведување и таинственоста, а со тоа го доведува својот партнер до лудило, па поради тоа може да ја задржи само моќен партнер.

Кога ќе исчезне љубовта таа го следи својот нагон. Во бракот кога има партнер којшто и одговара може да биде незаменлива домаќинка која на своето семејство му се посветува многу. Оваа жена е сонувач исто како Рибите и Ракот и многу е реална.

Жената Шкорпија е позната по своето моќно либидо и страсни љубовни односи. Во љубовта целосно се предава со емоциите. Но, често станува енигма за своите љубовници, нивните намери и вистинските чувства и се длабоко скриени и нејасни. Кога е заљубена, нејзината љубов е привлечна и мистериозна.


Сексот ѝ е исклучително важен, а поврзаноста со партнерот е нужност за да се чувствува целосно исполнето во својот семеен живот. Склона е кон односи кои одземаат многу време и емоционална енергија.

Поради тоа, краткотрајните романси и односи за една вечер никогаш не се добар избор за овој страстен знак.

Ќе го бара оној вистинскиот колку и да е потребно, а еднаш кога вистински ќе се заљуби, за нив тоа е доживотно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk