(Видео) Џорџ и Амал Клуни искрено за родителството: „Направивме ужасна грешка“

Кармин

30/09/2022

17:41

8.672

Големина на фонт

а а а

Во неодамнешното интервју за „CBS Mornings“, Џорџ и Амал Клуни зборувале за родителството, но и за предизвиците што тоа ги носи.

Како што рекле, двајцата се нашле во тешка ситуација поради непромислената одлука да ги научат децата да зборуваат друг јазик.

„Направивме ужасна грешка. Ги учевме да зборуваат италијански“, открил Џорџ, кој ги има петгодишните близнаци Ела и Александар.

„Но, ние не знаеме италијански. Значи, ги научивме јазикот што можат да го користат за да ни „наштетат“. И двајцата навистина не знаеме што зборуваат“.

Познатиот холивудски актер напоменал и дека нивните деца освен италијански зборуваат и француски.

„Јас сум од Кентаки. Англискиот е мојот втор јазик", додал тој низ насмевка.

Во разговорот се вклучила и неговата убава сопруга, Амал Клуни, која додала дека нивниот син личи на неговиот татко и дека е голем шегаџија.

„Ти го научи на сите лекции и сега тој се шегува со тебе“, му рекла Амал на Џорџ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk