Дуа Липа во нова љубовна романса: Пејачката разменувала бакнежи со познатиот комичар на улиците на Њујорк

Кармин

30/09/2022

12:44

4.793

Големина на фонт

а а а

Пејачката Дуа Липа поттикна гласини за нова романса откако била забележана на романтичен состанок со јужноафриканскиот комичар Тревор Ноа на улиците на Њујорк.

27-годишната поп ѕвезда и 10 години постариот водител на „The Daily Show“ биле видени како уживаат во романтична вечера во еден јамајски ресторан во Њујорк.

„Тивко седеа подалеку од сите останати во ресторанот. Беше јасно дека се вљубени еден во друг“, велат сведоци кои се затекнале во нивна близина.

По вечерата, парот тргнал на прошетка, притоа не криејќи дека чувствуваат наклонетост еден кон друг. Состанокот го завршиле со романтични бакнежи и прегратки, пред секој да замине на своја страна.


Ни Дуа ниту Тревор не ја навестија својата потенцијална романса, но, сепак јасно е дека меѓу нив постои нешто повеќе од пријателство. Нивниот состанок доаѓа откако и двајцата се разделија од нивните партнери со кои беа околу 2 години.


Последната јавна врска на Липа беше со помладиот брат на Џиџи и Бела Хадид, моделот Анвар Хадид (23). Парот раскина на крајот на декември 2021 година по повеќе од 2 години врска. Во меѓувреме, последната врска на Ноа заврши во мај минатата година. Водителот се забавуваше со 42-годишната Минка Кели, со која започна врска во 2019 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk