Џеко е подготвен да го напушти Интер

Макфакс

27/09/2022

16:14

1.539

Големина на фонт

а а а

Италијанските медиуми пренесуваат дека Един Џеко (36) ја игра последната сезона во дресот на Интер. Овие извори не ја исклучуваат можноста Џеко да си замине од Интер во јануарскиот преоден рок.

Според нив, причината не е доаѓањето на Ромелу Лукаку во Интер, туку тоа што претседателот на Фиорентина, Роко Комисо, никогаш не се откажал од идејата да го доведе капитенот на БиХ во Фиренца.

Џеко има договор со Интер до крајот на сезоната вреден пет милиони евра, а Италијанците пишуваат дека би бил подготвен да ја смени средината во јануари доколку некој му понуди двегодишен договор.

Првиот човек на Фиорентина бил подготвен да му ја исполни желбата.

На „Артемио Франки“ многу го ценат Џеко. Тој во кариерата одиграл 14 одиграни натпревари против Фиорентина, постигнал четири гол и три пати асистирал.

Да потсетиме, Џек, во последниот преоден рок се поврзуваше со Фиорентина, но на крајот не дојде до договор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг