„Чкртаниците“ кои ова дете ги цртало на рацете ја откриваат страшната реалност која му се случува на училиште

Кармин

23/09/2022

16:34

7.874

Големина на фонт

а а а

Еден корисник на Твитер споделил фотографија од раката на својот син која била исцртана со цртички кои на прв поглед изгледаат како обични чкртаници.

Сепак, вистината зад овие цртички е многу поинаква и пострашна.

Момчето всушност исцртало 21 цртичка која го претставува бројот на ситуации во кои било жртва на врсничко насилство и во кои било малтретирано.

„Мојот син нешто повеќе од една недела оди на училиште. На раката направил записник за тоа колку пати во последните 2 дена бил малтретиран, вербално и физички. Вкупно 21 пат. Ова е потресно. Училиштата треба да се справат со насилниците, а нивните родители треба да се казнат“, напишал загрижениот татко на Твитер.

„Сакав да покажам колку често се случува насилство во само 2 дена посета на училиште. Едноставно не знаеме што се случува со нашите деца бидејќи не сме таму и очекуваме тие да се безбедни“, додал тој.

Бројни родители во коментари напишале дека нивните деца исто така биле жртви на врсничко насилство кое може да предизвика низа проблеми кај детето кое трпи злоставување, како проблеми со спиењето и концентрацијата, несигурност, отсуство на самодоверба, мисли за самоповредување, осаменост, страв, па дури и суицидални мисли.

Токму поради ова е важно да се создаде посебна врска со децата кои ќе можат сè да им кажат на родителите, да знаат да се оддалечат од насилниците и да пронајдат возрасна личност на која можат да ѝ се обратат за помош.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk