(Видео) Мистериозно, сино суштество забележано на дното од морето ги збуни научниците

Точка

21/09/2022

19:45

27.305

Големина на фонт

а а а

Неидентификувани морски суштества наречени „сина слуз“, неодамна ги збуниле научниците откако ги воочиле овие мистериозни дамки на морското дно на Карибите.

Во текот на преносот во живо од експедицијата, членовите на тимот разговарале за тоа што би можеле да бидат овие чудни суштества, но никој од истражувачите не можел да дојде до конечен одговор.

Научниците кои го контролирале возилото на далечинско управување (ROV) во близина на морското дно околу Croix, ги забележале овие суштества на 30 август.

Мистериозните „дамки“ откриени биле како без мрдање стојат на морското дно, некаде околу 611 метри под површината.

Истражувачите го управувале ROV од истражувачкиот брод Национална управа за океани и атмосфера (NOAA) Оkeanos Explorer, којшто ги поминал последните четири месеци истражувајќи ги деловите од северниот Атлантик, како и дел од серијата истражувања NOAA „Voyage to the Ridge 2022“.

Како и кај секое второ нуркање во текот на овие експедиции, видеото во живо го пренесувала NOAA за морските ентузијасти од целиот свет да уживаат.

Во текот на преносот во живо истражувачите ги воочиле овие необични сини суштества и почнале да разговараат што би можеле да бидат.

Некои од набљудувачите забележале дека тоа веројатно е или мек корал или полжав, а можеби и некој морски безрбетник.

Тимот предложил бројни потенцијални прекари, како на пример „нерамна, сина, работа“, „син шлајм“...

Членовите од експедицијата се согласиле околу тоа што мистериозното суштество не е: „Можам да ви кажам само дека тоа не е камен, но тоа е сè што знам“, се пошегувал некој од истражувачите.

Тимот сега ќе започне долготраен процес за обид за идентификување на загатката на синото суштество.

Во преносот во живо, истражувачите кажале дека ќе испратат и фотографии и видеа до експертите за корали за да видат дали тие ќе можат да го идентификуваат ова сино суштество.




Спонзорирани линкови

Маркетинг