(Видео) „Гледајте како се крши срцето на Ким Кардашијан“: Реалити ѕвездата доживеала тешко понижување од Ана Винтур пред цел свет

Кармин

16/09/2022

23:23

17.375

Големина на фонт

а а а

Најпознатата старлета очигледно не била свесна пред каква модна ѕвезда стои кога забележала дека им приоѓа уредничката на магазинот „Vogue“.

Во рамките на Неделата на мода во Њујорк, вчера била одржана ревија на модната куќа „Fendi“ која собрала голем број од познатите личности.

Од првите редови претставувањето на на новите колекции ги следеле модната икона и актерка Сара Џесика Паркер и реалити ѕвездата Ким Кардашијан, чиј бренд „SKIMS“ соработува со „Fendi“, но модата овојпат била во втор план, доколку ги прашувате луѓето на социјалните мрежи.

За сè е виновна Ана Винтур!

Популарната уредничка на модниот магазин „Vogue“, намерно или не, режирала понижување кое Ким Кардашијан долго ќе го памети и кое предизвикало општ хаос на социјалните мрежи.

Имено, во краткото видео од ревијата кое кружи на социјалните мрежи имаме можност да видиме како Ким и Сара Паркер воодушевено ракоплескаат додека стојат заедно, кога од друга страна одлучила да им пријде Ана Винтур.

Сепак, таа дошла исклучително за да се поздрави со актерката, што Ким не го сфатила и мислела дена Винтур ѝ приоѓа неа поради што лицето ѝ се намуртило во истата секунда.

„И туку –така... Ким Кардашијан сфати пред кого стои“, „Гледајте како срцето на Ким Кардашијан се крши“, „Ким е никој и ништо покрај иконата Сара Џесика Паркер“, „Се смеам како луд на тоа како Ана Винтур ја одмина Ким, можам ова да го гледам постојано“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk