Му пееше на Гадафи, заработи милиони, а потоа исчезна: Еве како изгледа денес популарната пејачка

Кармин

15/09/2022

21:28

16.616

Големина на фонт

а а а

Пејачката Нели Фуртадо се појавила на црвениот тепих во Торонто по долгогодишно отсуство од јавноста.

Убавата Нели денес има 43 години, а ја паметиме по нејзините хитови „Turn off the Light“, „Say It Right“, „Manater“, „All Good Things“ и други.

Таа имала само 20 години кога се пробила на сцена, а со својата автентичност, впечатлив стајлинг и пријател глас ги освоила сите кои не биле наклонети кон поп музиката на почетокот на новиот милениум. Но, Нели Фуртадо потоа одлучила да се повлече од музичката сцена поради тоа што била и „актерка“ за скандалите.


Нели во 2007 година пеела на приватна прослава која ја организирал либискиот владeтел Муамер ел Гадафи, но поради тоа што била критикувана по тој повод, цел хонорар од милион долари го дала во хуманитарни цели. Се повлекла кога била на врвот од славата и престанала да оди на турнеи затоа што сакала да ѝ се посвети на својата ќерка Нивес.


„Бев млада кога добив дете, имав само 25 години, а напуштањето на сцената ме спаси. Ми недостасуваше нормален живот. Знам дека тоа звучи чудно, но морав да се изолирам затоа што бев под голем стрес. Плачев на сцена. Кога почнав да рабoтам во библиотеката во училиштето на ќерка ми, се родив одново. Едноставно имав огромна желба за поедноставен живот“, изјавила таа.


Нели пет години не се појавила во јавноста, а неодамна открила дека повторно ќе се врати на сцената – ќе пее на новогодишниот фестивал во Австралија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk