Тврди дека е син на Чарлс и Камила, а сега ја крена јавноста на нозе: „Ќе мора да направат ДНК“

Кармин

14/09/2022

21:56

18.022

Големина на фонт

а а а

Повеќе од една деценија, кралското семејство трпи медиумски и правен притисок, зад кој стои 56-годишниот Сајмон Доранте Деј.

Смртта на кралицата Елизабета повторно покрена стари теми, а една од најголемите секако е Сајмон, кој тврди дека е син на принцот (сега крал) Чарлс и Камила Паркер Боулс.

Имено, Доранте тврди дека тој е плод на нивната љубов која датира од раниот пубертет и дека бил даден на посвојување како син на малолетник, а потоа се преселил во Австралија и го заборавиле родителите.

Не се знае точно со какви докази располага, но интересно е што судот не ги послушал неговите барања и ги одбил како неосновани.

Доранте сега бара новиот крал на Англија, Чарлс III, да даде согласност за ДНК тест, кој ќе утврди дали обвинувањата што ги упатил се основани. Во разговор со адвокатите, Сајмон тврди дека добил потврда дека титулата нема да го амнестира неговиот наводен татко од тестирање:

„Адвокатите ме уверија дека статусот на монарх не може да го спречи Чарлс да направи ДНК тест доколку добие наредба од судот. Иако огромна моќ е во негови раце, пред законот сите мора да бидеме исти. Истото важи и за Камила“, изјавил тој за англискиот „Канал 7“.

„Не им се плашам. Јас ако сакам и планини можам да поместам. Само правдата ме интересира“, заклучил можниот наследник на англиската круна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk