(Видео) Слоевита салата со јајца и шунка - ново брзо решение за неочекуваните гости

Кармин

14/09/2022

15:27

7.014

Големина на фонт

а а а

Слоевитите салати освен што се вкусни и заситуваат, даваат и убав визуелен ефект.

Ако сте во потрага по брз оброк кој ќе им послужи на гостите како предјадење или вечера, слоевитата салата со јајца и шунка е полн погодок за вас.

Малку ќе ве потсети на руската салата, но е многу подобра од неа! Ова е идеално решение кога правите некоја домашна забава и ви треба лесна храна за послужување, а гостите со сигурност ќе останат без зборови.

Состојки:

- 1 брокула;
- 4 варени јајца;
- половина лименка пченка;
- 250 гр. шунка;
- 200 гр. сирење;
- 4 лажици обичен јогурт;
- 2 лажици мајонез;
- 2 чешниња лук;
- сол, бибер, прстофат шеќер;
- 1 лажица сок од лимон.

Подготовка:

Измиените брокули најпрво поделете ги на цветчиња. Зовријте вода во тенџере во кое ќе додадете сол, шеќер и малку сок од лимон, а потоа варете ја брокулата пет минути. Додека брокулата се лади, шунката, сирењето и јајцата исечкајте ги на ситни коцки. Измешајте јогурт и мајонез, па во смесата додадете сол, бибер и издробен лук, ова е смесата за сосот.

Подгответе сад за салата и во него наредете ги сите состојки во слоеви: шунка, пченка, брокула, варени јајца, сос, сирење, неколку мали цветчиња брокула за декорација.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk