Обама повеќе не може да го трпи скандалозното однесување на сопругата: Развод на повидок, а за сè е „виновна“ нивната ќерка

Кармин

07/09/2022

16:44

15.250

Големина на фонт

а а а

Како што пренесуваат светските медиуми, сериозно е нарушена семејната идила меѓу поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга. А основата на проблемот е наводно преголемата амбиција на Мишел Обама, која тргнала да го освои Холивуд.

Дека ситуацијата воопшто не е безопасна покажуваат тврдењата на нивните блиски луѓе дека сопружниците се оддалечиле еден од друг и дека меѓу нив има сè помалку разбирање.


Мишел ја основала продуцентската куќа „Higher Ground“ и со сите сили се обидува да допре до познати пријатели и познаници за да ја поддржат во нејзиниот нов деловен потфат. И бидејќи важи за многу моќна жена, таа прави сè за да ги постигне своите цели. Па така, таа се дотерува многу повеќе, а често флертува со мажи, што на Обама исклучително му пречи.

„Секогаш кога се заедно, само како да се нервираат еден со друг. Иако глумеа многу добро за камерите, проблемите во врската стануваа сè повидливи. Сега живеат одвоено, а не сакаат нивниот развод да биде медиумски покриен. Заклучиле дека е подобро Мишел да ја продолжи работата во Холивуд, а Барак да остане на источниот брег“, рекол извор близок на парот.


Од друга страна, нивната ќерка Малиа ги разочара речиси на сите полиња. Таа од манекенка се претворила во дрска студентка, чиј љубовен живот предизвикува сериозни главоболки на познат американски пар. А воспитувањето и односот кон нивните деца е само уште една причина за кавгите на сопружниците.

Инаку, Барак и Мишел Омаба се во брак три децении, а ова е првпат да се шушка дека нешто не е во ред со нивниот хармоничен брак. За да се надминат актуелните несогласувања и меѓусебното недоразбирање, извор близок до парот истакнал дека решиле да одат на терапија кај брачен советник. Во спротивно, сметаат дека разводот е неминовен.


Тие се венчале во 1992 година, а заедно имаат две ќерки Малиа и Саша. Тие се запознале во адвокатска канцеларија, каде што работеле заедно, а Мишел му била ментор на Барак. На почетокот воопшто не ѝ се допаднал, но упорноста на Барак своевремено ја собори освоила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk