Холивудскиот пар поради големата разлика во годините и осудувањето од луѓето стави крај на врската: „Имам кнедла во грлото кога зборувам за тоа“

Кармин

17/08/2022

13:25

8.098

Големина на фонт

а а а

Флоренс Пју и Зак Браф раскинаа по три години љубовна врска.

Пју (26) започнала да се забавува со комичарот од серијата „Стажисти“ (47) во 2019 година, а неодамна проговорила против критичарите на нивната 21-годишна разлика во годините.

Во новото интервју, таа потврдила дека се разишле претходно годинава и дека на почеток сакала да не се зборува многу за таа вест затоа што сите веќе го изнеле своето мислење за нивната романса.


„Се обидувавме да ја направиме оваа рaзделба, а светот да не знае за тоа поради тоа што тоа беше врска за која сите имаа свое мислење“, изјавила таа, па додала:

„Едноставно почувствувавме дека вакво нешто би ни било од корист, милиони луѓе да не зборуваат колку се среќни што не сме заедно. Автоматски имам кнедла во грлото кога зборувам за тоа“.

Флоренс истакнала дека „приватните моменти или моментите кои дури не се ниту реални“ на крајот стануваат храна за озборување на социјалните мрежи.

„Не мислам дека луѓето, само затоа што имаат своја работа треба да бидат надгледувани и да се пишува за секој аспект од нивниот живот. Не се пријавивме за реално шоу“, продолжила таа за „Harper’s Bazzar“.

Флоренс и Зак започнале да се забавуваат во 2019 година и се соочиле со многу негативни коментари поради разликата во годините од кога првпат романтично биле поврзани во медиумите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk