Шкотска стана првата земја во светот која воведе бесплатни менструални производи: Хигиенските влошки и тампоните повеќе не се плаќаат

Кармин

16/08/2022

17:44

6.552

Големина на фонт

а а а

Шкотска стана првата земја на светот која законски го заштити правото на бесплатни производи во текот на менструалниот период.

Законот за производи за менструален циклус значи дека јавните и образовните институции ќе бидат законски обврзани да им овозможат бесплатни производи на оние на кои им се потребни. Од 2017 година се потрошени околу 27 милиони фунти на обезбедување пристап до такви продукти во јавните простори.

Законот го предложи лабуристката Моника Ленон и едногласно го поддржа шкотскиот парламент во 2020 година.


„Горда сум што бев пионер на Законот за менструални производи кој веќе влијае на позитивни промени во Шкотска и ширум светот. Локалните власти и партнерските организации напорно работеа за законското право на пристап до бесплатни производи да стане реалност. Благодарна сум им, како и на илјадниците луѓе ширум земјата кои се вклучија во ова“, вели Ленон.

Според нејзините зборови, ова е уште една голема пресвртница за борците за достоинство и локалните движења кои ја покажуваат разликата која можат да ја направат храбрите и прогресивни политички избори.

Ленон наведува дека, додека кризата за животни трошоци станува сè поголема, Законот е „светилник на надежта кој покажува што може да се постигне кога политичарите ќе се здружат за благосостојбата на луѓето на кои им служат“.


Секретарката за социјална правда, Шона Робинсон, изјавила дека обезбедувањето пристап до бесплатни производи е од суштинско значење за еднаквоста и достоинството и ги отстранува финансиските пречки за пристап до нив.

„Ова е поважно од кога било во време кога луѓето носат тешки одлуки поради кризата со трошоците за живот и никогаш не сакаме некој да биде во позиција во која нема пристап до производи за менструација“, додава таа.

Робинсон навела дека од 2018 година се спроведува „револуционерна акција на обезбедување бесплатни производи за ученици и студенти во сите училишта, колеџи и универзитети“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk