Се омажи за него после 2 недели врска, а сега доживува пекол: „Не знам што е со однесувањето на Себастијан, но знам дека двајцата страдаат“

Кармин

05/08/2022

10:59

10.763

Големина на фонт

а а а

Во медиумите кружат приказни дека Емили Ратаковски и Себастијан Бер-Меклард раскинале минатиот месец, и дека манекенката планира да се разведе затоа што дознала дека сопругот ја изневерил.

„Себастијан ја моли да му даде уште една шанса. Тоа нема да се случи, бидејќи сама истражувала и открила уште повеќе с*ања кои ѝ ги направил зад грб“, рекол за „Page Six“ извор близок на Емили Ратајковски.


Гласините дополнително ги подгреаја со фотографиите на кои Емили не ја носи бурмата, додека Себастијан (41) не го вади прстеност. Работите отишле толку далеку, што познатата манекенка веќе поднела документи за развод, открил изворот.


„Она што го имаа е навистина посебно. Сите нивни пријатели сакаа да ги гледаат во медиумите и на насловните страници. Тоа беше прекрасно, но неодамна, и најубавата врска заврши на лош начин. Не знам што е вистината за однесувањето на Себастијан, и не го бранам, но знам дека двајцата страдаат. Тоа е толку тажно“, раскажал пријател на поранешниот пар, кој се венчаше во 2018 година после само две недели забавување.


Во март 2021 година добија син, а Емили веста за бременоста ја објави во видео за „Вог“ магазин. Рече дека не сака да го знае полот на бебето, бидејќи нејзиното дете само ќе одлучи дали е момче или девојче. И со други свои изјави околу мајчинството предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.


Емили и Себастијан важеа за моќен, креативен и поинаков пар во Њујорк. Двајцата доаѓаат од уметнички семејства. И нејзините и неговите родители се занимаваат со уметност, а за него блиските луѓе велат дека е еден од водечките луѓе во Њујорк кога се работи за креативноста.


Иако многумина сметаа дека убавата манекенка можела за себе да најде подобар партнер, барем кога се работи за изгледот – уште повеќе шокираше информацијата дека тој ја изневерил. И тоа не еднаш.


Но повторно, знаеме дека во Холивуд и шоубизнисот, најчесто најфаталните жени – остануваат сами.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk