Девојка со потекло од Хрватска прогласена за најатрактивна во светот: “Мислеа дека нема да успеам”

Кармин

30/07/2022

22:03

14.727

Големина на фонт

а а а

Магазинот Maxim неодамна ја прогласи Пејџ Шпиранац, инфлуенсерка и поранешна голферка, за најатрактивната жена на светот во 2022 година. Во интервју за Њујорк Пост, Шпиранац зборувала за ова признание.

“Мојата кариера отсекогаш одела добро, иако многумина мислеа дека нема да успеам. Оваа година доживеав бројни позитивни промени. Благодарение на магазинот Maxim станав попопуларна, што ме прави многу среќна. На почетокот не можев да верувам дека сум прогласена за најатрактивна. Постојано ги прашував дали се сигурни бидејќи навистина не можев да поверувам“, вели таа.


Потоа им се заблагодарила на своите следбеници за поддршката, а на прашањето на што е најмногу горда, таа одговорила:“Тоа што отсекогаш сум била упорна, особено кога е работата во прашање“.

Шпиранац претходно ги красела насловните страници на списанијата Sports Illustrated и Golf Digest. Пред пет години таа започнала да работи со Parsons Xtreme Golf.


Таа била постојано критикувана од многумина дека се обидува да го „сексуализира женскиот голф“, на што таа одговорила дека секоја жена треба да има право да се чувствува удобно во своја кожа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk