Ја напушти јавната сцена преку ноќ и се замонаши: Како некогаш најубавата југословенска актерка го поминува животот во пустина?

Кармин

25/07/2022

19:51

14.459

Големина на фонт

а а а

Хрватската актерка Едита Мајиќ изгради успешна кариера и го привлече вниманието и со својот талент и со убавина.

Поранешната актерка Едита Мајиќ се повлече од јавноста пред една деценија, ги спакува куферите и го продолжи животот во манастирот Св. Џозеф во шпанскиот град Авила, каде што станала кармелитска калуѓерка.

Таа преку ноќ го променила животот, а јавноста во родната Хрватска била шокирана од нејзината одлука. Затоа нејзината приказна сè уште ја интригира Хрватска, а и целиот Балкан, бидејќи никој не знае зошто се откажа од својата популарност.

„Таа средба со Бог се случи одеднаш, како блесок, неочекуван подарок на неговата љубов што се излева во твоето битие, апсолутно, одеднаш, неодоливо и докрај. Одеднаш сè ми стана јасно. Добив одговори на сите прашања“, изјави Едита во 2003 година.

Писателката Мани Готовац, со која Едита соработувала, во една прилика изјавила дека актерката навистина не можела да преболи несреќна љубов и дека поради тоа дури почнала да зема хероин, за на крајот да избега од светот.


Нејзиното семејство и најблиските пријатели ги негираа овие наводи, а кога го слушнала тоа Едита, испратила писмо од Авила во кое рекла дека тоа не е вистина и дека таа и Мани никогаш не биле пријателки и поради таа причина писателката не може да биде сигурен извор за било какви наводи.

Во едно интервју, Едита објаснила дека отишла кај Кармелитите разочарана од површноста на животот што го живеела.

„Која е причината за која вреди да се живее? Ако тоа е само ова надворешното... Да ги живееш овие неколку години што е можно поубаво, а потоа да исчезнеш во ништожноста, со тело покриено со црви во некој студен гроб... Тогаш подобро е да не постоиш воопшто“, рекла Едита, додавајќи дека во тој период на преиспитувања, почувствувала духовен повик.

„Секогаш можеме да му кажеме „не“, но таа душа што ќе ја запознае Божјата љубов, се осмелувам да кажам, невозможно е да му каже „не“ на Божјиот повик“, рекла таа.

Инаку, во 2017 година, сестра Едита решила уште порадикално да му служи на Бога и отишла да живее надвор од манастирот, во пустина.

„Долги години чувствуваше дека Бог ја повикува на поинаков и порадикален начин на живеење. Од самиот почеток знаеше што е тоа. Тоа е пустина. Таа живее надвор од манастирот во пусто и осамено место, ненаселено и во осаменост“, рекла претходно за медиумите нејзината мајка Јадранка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk