Папарацо фотографии од Моника Белучи: Погледнете како се однесува кога мисли дека никој не ја гледа

Точка

19/07/2022

22:49

18.692

Големина на фонт

а а а

Моника Белучи (57) важи за личност која максимално ужива во животот. Не дозволува озборувањата да ја потресат, да ѝ го нарушат мирот.

Деновиве таа е во Шпанија каде деновите ги поминува во добро друштво и чаша бело вино.


Облечена во црна, проѕирна блуза и широко цветно здолниште, Моника изгледа опуштено и што е најважно - задоволно.

„Што ќе правам кога ќе остарам и кога мојата слика во огледало повеќе нема да ме прави среќна? Исто како што правеше мајка ми. Нема да се гледам во огледало - ќе ги гледам моите деца", рече еднаш Моника, а жените ширум светот како неа изреката ја поздравија со аплауз.


Токму поради таа изрека, Моника не дозволува натписите за помладата сопруга на поранешниот сопруг да ѝ го нарушат мирот. Таа го зема најдоброто од животот.


„Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, тие признаваат дека сте подобри“, е еден од нејзините познати цитати, а речиси можеме да се согласиме со неа и да ѝ завидуваме на мирот со кој зрачи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk