Таткото на Илон Маск добил дете со поќерката: Помлада е од него 41 година, а имаат и син – на Земјата сме за да се размножуваме!

Кармин

15/07/2022

23:40

19.788

Големина на фонт

а а а

Таткото на Илон Маск, Ерол Маск (73) добил дете со поќерката, која имала само 4 години, кога се венчал со нејзината мајка.

Таткото на Илон Маск го добил второто дете со својата посвоена ќерка, која е 41 година помлада од него, кажал тој во новото интервју.

Ерол Маск (76), изјавил дека добил ќерка со Јана Безиденхут (35) во 2019 година. Тие претходно го добиле и синот Елиот Раш којшто сега има 5 години.


Нејзината мајка, Хедие и Маск, биле во брак 18 години и имаат две деца. Безиденхут имала само 4 години кога Маск станал нејзин очув. Ерол и Меј Маск биле во брак од 1970 до 1979 година и имаат три деца: Илон, Кимбала и Тоска.

Ерол Маск за „The Sun“ изјавил дека детето не било планирано, додавајќи дека тој и Безиденхут живееле заедно околу 18 месеци по раѓањето на неговото прво дете.

Тие повеќе не живеат заедно, но „негуваат љубов еден кон друг“, изјавил тој.

Постариот Маск изјавил и дека неговите ќерки се шокирани од неговата врска со Безиденхут. „The New York Post“ објавил дека тој бил татко на вкупно седум деца.


„Единствената работа поради која сме на Земјата е да се размножуваме. Да можам да имам уште едно дете, би имал. Не гледам причина да не биде така“, изјавил тој.

Инсајдер претходно месецов известил дека Илон Маск добил близнаци во ноември со една од своите раководителки во „Neuralink“. Тоа значи дека тој има девет деца кои ѝ се познати на јавноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk