Новото истражување покажува дека астронаутите за 6 месеци ги оштетуваат коските во вселената како за 20 години на Земјата

Точка

04/07/2022

14:32

28.725

Големина на фонт

а а а

Новото истражување покажува дека астронаутите на 6-месечна мисија доживеале загуба на коскената маса која е еквивалентна на 2 децении на Земјата, со тоа што вселенските патувања исто така вршат притисок на кардиоваскуларниот систем и ја зголемуваат изложеноста на зрачење.

Академското истражување за астронаути го открило разорното влијание на вселенските патувања на човечкиот скелет. Само околу половина од загубената коскена маса била надоместена една година по враќањето на Земјата, што предизвикало загриженост околу идните мисии на Марс и Месечината.

Долгите вселенски мисии довеле до зголемено губење на коскената маса и намалена веројатност за закрепнување. До губењето на коскена маса доаѓа поради недостатокот на гравитација во вселената, каде коските кои носат тежина на Земјата обично се без притисок од тежината.


Истражувањето било спроведено на 17 астронаути, 14 мажи и 3 жени на просечна возраст од 47 година, кои летале на Меѓународната вселенска станица во изминатите 7 години. Екипажот бил од американската вселенска агенција НАСА, канадските и европските вселенски агенции и јапонската агенција за истражување на вселената. Тие работеле со истражувачкиот тим кој го предводела професорката Ли Габел од Универзитетот во Калгари и тоа една година по враќањето на Земјата.

Девет членови на екипажот доживеале трајна загуба на минералната густина на коските откако поминале помеѓу 4 и 7 месеци на вселенски мисии, пренесува „Sky News“.

„Астронаутите доживеале значајна загуба на коскената маса во текот на 6-месечните вселенски летови, загуба која би ја очекувале кај постари лица во текот на 2 децении на Земјата, и вратиле само половина од таа загуба по една година на Земјата“, вели професорката Габел за истражувањето, објавено во списанието „Scientific Reports“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг