Научниците од Севернокавкаскиот федерален универзитет (СКФУ) развија нова технологија за производство на меки, ферментирани млечни сирења што го зајакнуваат имунитетот и ја подобруваат дигестијата.
Технологијата се заснова на преработка на млекото со зачувување на сите негови природни компоненти, соопшти прес-службата на Рускиот научен фонд (РНФ) за РИА Новости.
Научниците предложија употреба на „хиперфилтри“ со микроскопски пори за издвојување на млечните протеини од полномасното млеко, при што хранливите својства на суровината се пренесуваат во сирењето.

„Нашата цел е да создадеме функционален производ што ќе го подобри здравјето на луѓето. Со зачувување на природните млечни протеини во нивната функционално активна состојба и со отстранување на вештачките компоненти, добиваме производ со зголемена биолошка вредност. Тој го зајакнува имунолошкиот систем, ја подобрува дигестијата и останува целосно природен“, изјави Дмитриј Мамај, раководител на Катедрата за земјоделско машинство при Факултетот за прехранбено инженерство и биотехнологија „А. Г. Храмцов“ на СКФУ.
Технологијата развиена во СКФУ веќе поминала лабораториски испитувања и е патентирана во Руската Федерација, што овозможува нејзина примена во големите фабрики за преработка на млеко, нагласи фондацијата.







