Нè потсети зошто е икона на стилот: Меланија Трамп во модна комбинација која ѝ е неопходна на секоја жена

Кармин

01/07/2022

20:15

12.460

Големина на фонт

а а а

Некогашната прва дама на САД, Меланија Трамп, отсекогаш важела за една од најстилизираните жени со истенчен моден вкус.

Меланија Трамп подолго време не се појавила во јавноста, а за време на мандатот на Доналд Трамп имавме можност да уживаме во нереалните модни комбинации на неговата сопруга, но овојпат се вратила со уште поголем стил.

Од поранешната прва дама сме навикнале да ја гледаме во неверојатен стил и елеганција, но сега по подолго време нè изненади со малку полежерен избор на облека, којшто секако дека одлично ѝ стои.


Меланија облекла маслинеста кошула која се врзува околу половината и бели панталони кои ги вклопила со беж салонки, додека пак најголемо внимание привлекла нејзината чанта „Hermes Birkin“ чија цена достигнува неверојатни 30.000 долари.

Меланија и Доналд Трамп моментално живеат во својата резиденција на Флорида, а медиумите пишуваат дека Трамп моментално е во својот голф клуб во Њу Џерси, па се претпоставува дека поради тоа Меланија го посетила Њујорк, со оглед на тоа што е оддалечен на само еден час возење од местото на кое тие живеат.


Да ве потсетиме, оваа кошула потсетува на јакната со натпис која привлече големо внимание во јавноста, а која ја носеше Меланија.

Имено, тогаш на грбот на Меланија пишуваше: „Мене баш ми е гајле, а вас?“.


Таа тогаш јакната ја носеше кога одеше на мексиканската граница за да ги посети децата одвоени од нивните семејства, и тогаш изјави дека тој моден избор претставува порака до сите луѓе и медиуми кои ја критикуваат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk