Го промени изгледот и се откажа од својот заштитен знак: Холивудската убавица во ултра сексапилно издание на црвениот тепих

Кармин

29/06/2022

22:38

13.683

Големина на фонт

а а а

„Machine Gun Kelly's Life in Pink“ е новиот документарец на Машин Ган Кели кој е во понудата на американскиот стриминг сервис „Hulu“, а на неговата свечена премиера во Њујорк, освен музичарот како главна ѕвезда на вечерта, вниманието го украла неговата вереница Меган Фокс.

Една од најубавите жени во Холивуд за премиерата на документарецот на својот иден сопруг не сакала ништо да препушти на случајот. Таа го доловила насловот „Life in Pink“ со својот стајлинг на црвениот тепих.


За потребите на премиерата и модното усогласување со 32-годишниот музичар, холивудската убавица одлучила драстично да го промени имиџот. Од својата долга црна коса која стана нејзин заштитен знак, Меган се опростила со розова нијанса на коса.


На себе актерката носела мини розов фустан со црвени врвки, а истиот го надополнила со розови сандали на врзување.

Меѓутоа, Меган не била единствената во розови тонови - и нејзиниот вереник Машин Ган Кели се појавил со розова коса и џемпер во розова нијанса.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk