Џорџина Родригез и Роналдо уживаат во семејната идила и заслужениот одмор на Ибица, а папарацо фотографите го „уловиле“ парот на нивната луксузна јахта во моменти на одмор, сончање и капење.
И додека фудбалерот со гордост го покажувал своето мускулесто тело, неговата избраничка уживала во сонцето во црно бикини. Тоа што привлекло најмногу внимание секако бил фактот дека немала никаков проблем да покаже како навистина изгледа.
Имено, вереницата на познатиот фудбалер му покажала на целиот свет дека и таа има стрии, стомаче и целулит. Сè на сè, открила дека е „вистинска жена од крв и месо“ и иако се труди да изгледа совршено во секоја ситуација, одвреме-навреме си дозволува себеси да ужива во својот природен изглед.
За потсетување, убавата инфлуенсерка се породи на 18-ти април оваа година, а на свет ја донесе ќерката Бела Есмералда, додека за жал во текот на породувањето го загуби синот, другиот близнак.