Ова е голем проблем?! Нешто чудно се случува со сонцето! На научниците не им е јасно што, но прогнозите не изгледаат добро

Точка

27/06/2022

20:18

38.725

Големина на фонт

а а а

Како што истакнале научниците, моменталната активност на Сонцето е значајно поголема од официјалните прогнози на „NASA“ и „NOAA“ за сегашниот соларен циклус.

Нешто чудно се случува со сонцето. Досега речиси секој ден во 2022-ра година сонцето исфрлало факели и коронална маса, од кои некои биле најмоќни ерупции кои може да се случат на нашата ѕвезда.

Ерупциите на Сонцето сами по себе не се чудни. Се појавуваат редовно додека минуваат низ периоди на висока и ниска активност, во циклуси кои траат речиси 11 години. Но моменталната активност е значително поголема од официјалните прогнози на „NASA“ и „NOAA“ за сегашниот соларен циклус, а соларната активност постојано ги надминувала прогнозите уште од септември 2020-та година.

„Не можеме точно да ги предвидиме соларните циклуси. Не го разбираме во целост соларниот систем, кој генерира магнетни полиња кои на површината се гледаат како сончеви пеги и кои произведуваат факели. Ова е еден од извонредните проблеми во астрофизиката, па не е изненадување што не можеме да имаме точни предвидувања“, рекол за „Science Alert“ соларниот астрофизичар Мајкл Витленд од Универзитетот во Сиднеј во Австралија.

Но, ако не можеме да имаме точни предвидувања, настануваат проблеми. Што ако ги основаме нашите предвидувања на погрешно равенка? Можеби треба да го промениме начинот на кој гледаме на нашата ѕвезда.


Соларни циклуси

Соларните циклуси имаат огромно влијание на Сончевиот систем, но релативно слабо ги разбираме. Научниците веруваат дека тие веројатно се поврзани со соларното магнетно поле. Речиси секои 11 години Сончевите магнетни полови се ротираат, северниот станува јужен и обратно. Оваа ситуација се поклопува со тоа што е познато како соларен максимум, кога Сонцето емитува најмногу факели и коронални маси и има најмногу пеги.

После тоа доаѓа до период на смирување на активностите, а потоа повторно период на соларен максимум. Сега нашата ѕвезда е токму во таа фаза, 25-ти пат откако траат мерењата.

Циклусите на активности се карактеризираат и предвидуваат на основа на еден фактор: бројот на сончеви пеги. Тоа се привремени подрачја во кои магнетните полиња се посебно јаки, што поттикнува ерупции. Пегите ги гледаме како темни дамки бидејќи магнетното поле инхибира проток на врела плазма, а регионите подоцна се постудени и потемни од околината.

Соларниот физичар Скот Мекинтош, од американската Национална управа за океани и атмосфера (NOAA), верува дека превидувањата на соларните циклуси на основа на бројот на сончеви пеги не е најдобар модел.

„Циклусот на сончевите пеги не е примарна работа. И во учебниците и во научната заедница, тој е претставен како главен индикатор. Но е секундарен. Примарниот е Хејловиот циклус, 22-годишен магнетен циклус. А циклусот на сончевите пеги е само дел од оваа поголема слика“, рекол Мекинтош.

Хејловиот циклус на почетокот на 20-тиот век го открил американскиот астроном Џорџ Елери Хејл. Се состои од два циклуси на сончеви пеги во траење од 11 години – времето кое е потребно половите два пати да се заменат и да се вратат во првобитната положба.

Овој циклус се забележува во низа феномени: променливите магнетни поларитети на сончевите пеги и соларните магнетни полови, како и интензитетот на галактичките космички зраци.

Сончевата активност го отежнува доаѓањето на космичките зраци до Земјата, а непарниот и парниот соларен циклус имаат различни бранови облици на космичко зрачење. Ова се припишува на поларноста на соларното магнетно поле.


Проблем со сончевите пеги

Треба да се нагласи дека ние всушност немаме баш јасна слика за тоа што се случува внатре во Сонцето. Мекинтош верува дека соларното магнетно поле генерира енергија внатре во ѕвездата – ротирачки, конвективен и електрично спроводлив флуид кој претвора кинетичка енергија во магнетна енергија.

Ако е така, што тогаш ги предизвикува сончевите пеги? Па, според моменталните модели, тие се поврзани со ротацијата на Сонцето. Екваторот на Сонцето се ротира побрзо од половите. Кога ќе наидат на ротацијата на Сонцето, магнетните линии се растегаат и заплеткуваат, создавајќи привремени, локализирани области на силни магнетни полиња, или сончеви. Ова, според Макинтош, се заснова на пасивноста на магнетното поле.

„Имате многу сложен систем внатре во Сонцето. Како и сите физички системи, ние работиме на поедноставување или апроксимација за да се обидеме да разбереме што се случува. Пред околу 60 години направивме апроксимација со магнетните полиња. Така, кога Сонцето ротира, тој процес започнува циркулација, загревање на атмосферата започнува циркулација, а со сета таа циркулација, магнетните полиња се протегаат со него“, објаснил тој.

Но, експертите сè уште не знаат што ја започнува линијата на магнетни активности на Сонцето – можно е причина да се гравитациски бранови, но засега немаме доволно информации тоа да го потврдиме. За да дознаеме повеќе, ќе ни бидат потребни повеќе податоци и анализи, што ќе потрае.



Спонзорирани линкови

Маркетинг